Славниот „Еурокрем“ уште од самото појавување на пазарот во поранешна Југославија направи бум. Него го јадеа сите, па дури и војниците. Некогашниот прв човек на компанијата која го произведува, „Таково“, кој на тоа место бил скоро три децении, откри неколку интересни детали за производството и продажбата на кремот.
-Веднаш се покајав што не купивме поголем капацитет, па работевме тросменски, додававме машини за да го зголемиме капацитетот. Компанијата имаше осум фабрики. Никогаш не купував сѐ одеднаш. Купував најмала опрема и го тестирав производот за да видам како ќе помине за губитокот да не биде голем. Затоа дополнително купивме опрема за 12.000 тони за производство на крем, шест пати повеќе отколку на почетокот. Тоа беше еден модерен производ кој го збогати пазарот - истакнува Томовиќ, човекот кој го донел „Еурокремот“ во поранешна Југославија.
Томовиќ откри и една тајна - податокот колку крем ѝ продавале на војската.
-Неколку години на војската ѝ продававме околу 1.800 тони „Еурокрем“ годишно, но тоа тогаш не смеев да го кажам бидејќи некој на основа на тоа би можел да пресмета колку војници има - откри тој.
Според него,
продажбата на кремот придонела за плаќање на огромен данок на државата, илјадници работници заработувале натпросечно голема плата, а во Горни Милановац се изградиле многу куќи од страна на вработените во компанијата, каде работеле 3.800 луѓе.