X
 20.05.2020 Здравје

Денеска има 16 оздравени пациенти, 19 новозаболени со коронавирус

Институтот за јавно здравје денеска регистрирал 16 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. По градови тоа се: во Скопје – 7, по тројца во Тетово и во Неготино, по еден во Куманово, Велес и во Кочани.
Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје - 11, Куманово – 2 и по еден во Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и во Виница. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања. Денеска имаме и четири смртни случаи.


Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.

Во ГОБ „8 Септември“ починала пациентка од Скопје (65 г.) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71 г.), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73 г.) - во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Прилеп (41 г.) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858 од кои оздравени пациенти се 1.367, починале 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381 пациент.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје