Албанците спијат најдолго во светот според глобално истражување за спиењето.
Истражувањето покажува и дека глобално, луѓето спијат нешто повеќе од 7 часа, а жените просечно спијат 7,5 минути подолго од мажите.
Во истражувањето била направена анализа на 63 држави во светот и било заклучено дека Албанците спијат најдолго - просечно 7 часа и 32 минути. Од друга страна, Јапонците спијат 6 часа и 38 минути.
Според истражувачите, географската локација игра улога во времетраењето на сонот. Тие ги групирале земјите во групи според сличностите во спиењето. Врз времетраењето на спиењето влијаат и економски и историски фактори, според истражувачите.
На листата со држави чии жители спијат најдолго се и Словачка, Романија, Чешка, Украина, Србија и Полска. Македонија се наоѓа на 10. место со над 7 часа сон.
На дното се наоѓаат Филипините, Малезија, Индонезија, Јапонија и Сингапур.
Извор:
Big think
Насловна фотографија: Freepik