X
 17.06.2022 Култура

Кратка историја за шопинг-сцената во култниот филм „Убава жена“

Во филмот „Убава жена“ има една сцена што прикажува момент на одмазда и се смета за една од најдобрите во модерното кино. Вивијан, која ја глуми Џулија Робертс, се враќа во бутикот чии вработени првично одбиле да ѝ помогнат затоа што не била соодветно облечена.

Кога Вивијан влегува во истата продавница, таа е отмено облечена и во рацете носи еден куп торби. Вивијан ја прашува продавачката: - Работите на провизија?, а продавачката ѝ потврдува.

- Голема грешка. Огромна! - вели Вивијан, алудирајќи на провизијата што можела да ја направи ако само се согласела да ѝ помогне првиот пат. 30 и нешто години по премиерата на „Убава жена“, тоа сè уште е една од најповторуваните фрази во кинематографијата.

Голем дел од сцената беше инспириран од ситуација што ја доживеал сценаристот Џеј Еф Лаутон.



- Бев нервозен и се плашев да влезам во продавниците во Родео Драјв бидејќи беа многу убави, а јас немав пари. Носев стар, но пристоен костум. Кога влегов во една продавница за мажи, ме пречека еден вработен. Гледав наоколу, а тој ми рече: „Што бараш?“ Му одговорив дека само сакам да разгледам, а тој ми рече: „Овде нема ништо за тебе. На погрешно место си.“ Да, ми се случи тоа иако не успеав да се вратам како што направи Вивијан.

Кога го избркале од продавницата, се засрамил и не можел да ја разбере причината за тоа. Неколку години подоцна тој напишал сценарио под името „3.000 долари“, но на крајот било преименувано во „Убава жена“.

Продавницата била уредена исто како онаа продавница што ја посетил Џеј Еф Лаутон.

Филмот заработи неверојатна сума, а Лаутон изјави: - По филмот стекнав поголема самодоверба, но и почит. Влегов во продавниците низ Беверли Хилс во искината маица и фармерки.



Извор: Facebook
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура