X
 12.04.2020 Култура

Најпопуларните дестинации од филмовите за Џејмс Бонд

Пандемијата го одложи излегувањето на многу филмови, меѓу кои е и последниот филм за Џејмс Бонд. Филмот сега треба да биде премиерно прикажан во ноември, а ќе биде 25-тиот филм за Бонд и петтиот и последен во кој тајниот агент го игра Даниел Крег.

Како и секој друг филм за Џејмс Бонд, и во најновиот ќе има многу локации, меѓу кои Лондон, Италија, Јамајка, Норвешка и Шкотска. Многу од местата што се прикажуваат во филмовите стануваат туристички атракции, како дел од следните.


Истанбул

Стариот турски град може да се види во „Од Русија со љубов“. Во филмот се забележуваат многу туристички атракции, како главниот пазар и Аја Софија. Во филмот е прикажана и Цистерна базилика, а Истанбул се прикажува и во други филмови за Бонд, меѓу кои и „Скајфол“.

Шилтхорн, Швајцарија

Станува збор за врв на Бернските Алпи кој може да се види во „Во служба на нејзиното величество“. Од врвот има прекрасен поглед кон Алпите, а до него може да се стигне само со хеликоптер или жичница. Комплексот се градел кога бил откриен од страна на оние што работеле на филмот во 1968. Продуцентите го финансирале завршувањето на изградбата бидејќи совршено одговарал на место опишано од книгата.


Фото: Шилтхорн/Pixabay

Лас Вегас

Во „Дијамантите се вечни“ дејството се одвива во Лас Вегас. Сцените во филмот не ја прикажуваат реалноста на градот и во филмот има места што повеќе не постојат, како хотелот „Ривиера“. Но во Лас Вегас и денес постојат „Циркус Циркус“, хотелот „Вестгејт“ и други места.

Крф

Голем дел од „Само за твоите очи“ со Роџер Мур бил снимен во Грција. Во филмот може да се видат места на островот Крф, но и од околината, како манастирот Влахерна. Во филмот се прикажува комплексот на манастири Метеори.


Фото: Метеори/Pixabay

Сан Франциско

Градското собрание на Сан Франциско се забележува во филмот „Поглед за убиство“. Самата зграда е еден од најубавите државни објекти во САД. Во истиот град се наоѓа и мостот Голден гејт, по кој вози Бонд во филмот.

Париз

Во истиот филм Бонд се среќава со француски приватен детектив на вториот кат на Ајфеловата кула. Вистинскиот ресторан не е толку голем како што изгледа на филмот, но сепак е прекрасен.

Венеција

„Казино Ројал“, првиот филм во кој го гледаме Даниел Крег, ги однесе фановите на прекрасни дестинации, меѓу кои и Венеција. Некои локации што може да се видат во филмот се големиот канал и хотелот „Сипријани“. Освен тоа, последната сцена од „Од Русија со љубов“ била снимена во Венеција, на плоштадот „Свети Марко“.


Фото: Езеро Комо/Pixabay

Езерото Комо

Локацијата може да се види во „Казино Ројал“. Во овој филм Бонд закрепнува од малтретирање во близина на градот Лено. На езерото се наоѓа и вилата „Гајета“, во која Бонд го ранува Вајт на крајот од филмот.

Лондон

Секој филм на Бонд го прикажува Лондон барем малку. Во „Скајфол“ се прави голема тура низ градот, при што се гледаат многу туристички атракции. Зградата на тајната служба која е прикажана во филмот навистина постои и таа навистина е зграда на тајната разузнавачка агенција на Велика Британија.

Гленко

Долината Гленко е место во кое се наоѓа семејната куќа на Џејмс Бонд во Шкотска. Во една сцена од филмот Бонд застанува за да ужива во погледот. Тоа било снимено во близина на Гленко.

Автор: Кент Џерман
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура