Неодамна, Ејч-би-о сними специјална епизода со актерите од „Пријатели“, а сега ќе имаме ваква епизода и за филмовите „Хари Потер“.
Специјалната епизода ќе се снима за да се одбележи 20-годишнината од премиерата на првиот филм, на 16 ноември 2001 година. Во епизодата ќе се зборува за создавањето на приказната и снимањето на филмот, неговото влијание, а ќе има и интервјуа со актерите и обожаватели на филмовите.
Потврдено е учеството на Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт, главните актери во сите филмови.
Во епизодата ќе ги видиме и Хелена Бонам Картер (Белатрикс Ластрејнџ), Роби Колтрејн (Рубиус Хагрид), Ралф Финс (Волдеморт), Џејсон Ајзекс (Лусиус Малфој), Гери Олман (Сириус Блек), Том Фелтон (Дреко Малфој), Џејмс и Оливер Фелпс (Фред и Џорџ Визли), Марк Вилијамс (Артур Визли), Бони Рајт (Џини Визли), Метју Луис (Невил Лонгботом), Ивана Линч (Луна Лавгуд) и други.
Во епизодата ќе учествува и Крис Коламбус, режисерот на првите два филма.
Епизодата ќе биде прикажана на „Ејч-би-о макс“ на 1 јануари.
Извор:
Mental Floss
Фото: YouTube (Printscreen)