X
 18.07.2021 Култура

Најскапиот филм на „Нетфликс“ досега ќе има премиера во ноември

Компанијата „Нетфликс“ потрошила 200 милиони долари за снимање на акциската комедија „Црвеното известување“ (The red notice). Ова е најскап филм на платформата досега, а ќе ја има својата премиера на 12 ноември.



Во него ќе играат Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс, а режисер е Росон Маршал Тарбер. Според светските медиуми, Рејнолдс и Гадот заработуваат речиси 20 милиони долари за снимањето на филмот, а Џонсон ќе добие уште повеќе бидејќи има и продуцентска улога.

Во филмот, Џонсон е агент на Интерпол кој е во потрага по најдобриот крадец на уметност во светот (Гал Гадот). Рејнолдс го игра ривалот на Гадот во филмот.

Извор: Daily Mail
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура