X
 12.04.2017 Живот

Кина е светски лидер во спроведени егзекуции

Кина е на врвот на листата по бројот на извршени егзекуции. По неа е Иран, Саудиска Арабија, Ирак, Пакистан, Египет, САД, Сомалија, Бангладеш и Малезија.

фото извор: YOHEI KANASASHI - POOL / GETTY

Добрата вест е тоа што вкупната бројка на егзекуции е намалена за 37 проценти во 2016 година, според извештајот на „Amnesty International“.

Во Кина, точната бројка на смртни казни се класифицира како државна тајна. Од  2015 година, во Ирак бројката на извршени егзекуции се зголемила за три пати, а во Египет и Бангладеш за два пати.

Отсекување на главата се користело во Саудиска Арабија, бесење во 14 држави, додека пак, јавните егзекуции се спроведувале во Иран и Северна Кореја. Многу од егзекуциите се прекршување на човековите права.

Смртната казна често се применувала за казниви дела поврзани со дрога во повеќето земји, вклучувајќи ја и Кина, Индија, Индонезија, Иран, Кувајт, Лаос, Малезија, Саудиска Арабија, Сингапур, Шри Ланка, Тајланд, Обединети Арапски Емирати и Виетнам.

Во 2016 година, 3.117 луѓе биле осудени на смрт во 55 земји, што е повеќе за третина отколку во 2015 година.

Ова се земјите со најмногу спроведени егзекуции:

фото извор: Statista
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот