Основањето на софтверската компанија „Гaсто“ е класична приказна од Силициумската долина. Во 2011 година Џошуа Ривс и неколку негови пријатели ја основаа компанијата во куќа во Пало Алто.
„Гaсто“ е милијардерско претпријатие кое прави софтвер за човечки ресурси и мали бизниси. Ривс е горд што им помага на малите бизниси да вршат голема работа, но тој исто така сакал компанијата да биде одлично работно место. Тој овозможил домашна атмосфера, транспарентност во работата и дарежливи бенефити. Магазинот „Фортјун“ ја смести компанијата во 100-те најдобри работни места за милениумци.
Фото: Business Insider
Компанијата ги отвори своите нови канцеларии во некогаш индустриско, а сега ултра хипстерско соседство во Сан Франциско.
Внатрешноста е работно место кое секој би го посакал. Зградата е со високи тавани и има преживеано земјотрес во 1906 година.
Фото: Business Insider
Кога ќе влезете внатре, рецепционерот ве поканува да ги собуете чевлите и да ги ставите во преграда. Може да добиете и чорапи од „Гасто“.
Фото: Business Insider
Компанијата има политика на работење без чевли бидејќи е основана во дом, а Ривс бил одгледуван со правило да ги соблекува чевлите на влезот од домот. Кога компанијата се преселила во канцеларии, основачите го задржале тоа правило, а Ривс вели дека тоа прави на работа да се чувствувате како да сте дома.
Фото: Business Insider
Во новите канцеларии во Сан Франциско има една централна просторија која вработените ја нарекуваат дневна соба.
Задржан е голем дел од оригиналната архитектура, па над главите на вработените има цевки, греди и дигалки.
Бироата се измешани меѓу софите, килимчињата, табуретките и масите за кафиња, нешта кои би ги виделе во дневна соба. Некои вработени дури и си носат папучи.
Фото: Business Insider
Вработените можат да работат од каде сакаат.
Сите имаат по едно биро освен Ривс, кој еднаш месечно ја менува позицијата за да може подобро да ги запознае тимовите.
- Кога нивните родители се во градот, ние би сакале колегите да ги донесат фамилиите за ручек - вели Ривс.
Вработените имаат бесплатни грицки, ручек и вечера. Храната изгледа прилично здраво.
Во кафетеријата ги собира сите 275 вработени.
Фото: Business Insider
Компанијата ги плаќа трошоците за превоз до работното место, нуди неограничено време за одмор и ги покрива бенефитите за фертилитет, како што е замрзнувањето на јајце-клетки и ин витро. Секој вработен добива гратис лет до каде и да е во светот на првата годишнина од вработувањето во компанијата.
Компанијата планира да остане во објектот најмалку десет години. На крајот најверојатно ќе ја „надрасне“ дневната соба и ќе изнајми уште
канцеларии.