X
 17.08.2023 Наука

Еве зошто мачките подобро издржуваат високи температури

Многу мистерии ги поврзуваме со мачките, а една од нив е нивната исклучително висока толеранција на топлина. Токму затоа во зимските месеци често можеме да ги најдеме како лежат на сонце или покрај камини и радијатори. Тоа е затоа што нивната нормална телесна температура е околу 37,5 Целзиусови степени, што е само половина степен повисока од просечната човечка температура. Но, тој половина степен објаснува зошто на мачките им е удобно на температури кои за нас се превисоки.

- Нашите климатизирани куќи може да бидат премногу студени за мачките. Сакаат да се топли, но можат да се прегреат како и сите други, но тоа не е вообичаено - вели Ешли Сафир, ветеринар од Охајо.

Таа, исто така, објаснува дека мачките не се потат на ист начин како луѓето, бидејќи тие ја контролираат температурата на многу различни начини. За разлика од луѓето, кои имаат лојни жлезди по целото тело, потните жлезди на мачките се ограничени на неколку специфични области без крзно, вклучувајќи ги шепите, усните и брадата. Затоа никогаш нема да почувствувате дека крзното на мачката е влажно од пот, но повремено можете да видите отпечатоци од шепите на подот.

Како се ладат?

Нивната стратегија за ладење е одмор. Имено, кога температурите ќе се покачат, мачката ќе се рашири на студениот под, а доколку е надвор, ќе бара место во сенка. Колку повеќе можат да се шират, толку подобро можат да ја намалат својата телесна топлина со помош на студената земја.

Налето, тие често се протегаат и ги вртат стомаците кон небото, а на тој начин ослободуваат топлина. Тие, исто така, се капат со својата плунка, а таа испарува од нив и им помага малку да се изладат.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука