X
 15.02.2018 Наука

Ни се предвидува мини ледена доба?

Нова научна студија го илустрира феноменот познат како соларен „гранд минимум“. Се работи за период кога магнетизмот на Сонцето ќе се намали, Сончевите точки ќе бидат помалку фреквентни, а ултравиолетовата радијација ќе доаѓа во помала количина до Земјата – сето тоа поради случајни флуктуации во магнетното поле на Сонцето. Тоа може да значи необично студени температури за нас, а и Сонцето може да изгледа како да е затемнето.


Овој „гран минимум“ може да биде посебно студен, како што активноста на Сонцето ќе се намалува повеќе од вообичаениот 11-годишен циклус. Тоа значи пониски температури за делови од светот. Се предвидува, според некои студии, дека ќе видиме 7% намалување на Сончевата светлина и топлина (повторно, 7% пониско ниво од најниското во 11-годишниот циклус). Таков „гранд минимум“ се случил во средината на 17 век, кога реката Темза замрзнала, како и Балтичкото Море.

Точниот датум и прецизноста на настаните уште не се доволно познати, но сите податоци укажуваат на 2050 година. Сепак, може да почне и порано, односно околу 2030 година, и да трае повеќе од 50 години.
Дали тоа ќе нè спаси од глобалното затоплување? Научниците сметаат дека одговорот на тоа прашање е сепак негативен. Се работи само за фракција на затоплувачкиот ефект предизвикан од зголемена концентрација на јаглероден диоксид во атмосферата.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука