Американската држава Калифорнија тестира нова метода во борбата против хроничните болести и го менува класичното прифаќање на лекарскиот рецепт. Овој проект се нарекува „рецепт за храна“ и претставува нова програма во која наместо лекови, на рецепт се препишува здрава храна.
Така, на пример, дијабетичарите можат да добијат бесплатна кутија со овошје, зеленчук, пилешко, киноа и друга здрава храна која им се доставува на домашна адреса на секои две недели.
Поддржувачите на овој пристап веруваат дека програмата може да помогне во борбата против хроничните болести, да ги намали трошоците за лекување и гладот. Програмата првенствено е наменета за постари лица.
Оваа идеја е инспирирана од иницијативата „Храната е медицина“, чии членови веруваат дека правилната исхрана може да спречи и да лекува хронични болести. Според едно истражување, промовирањето здрава исхрана може да заштеди огромни суми пари во здравствениот систем. Постојните програми покажаа позитивни резултати во намалувањето на дебелината, крвниот притисок и шеќерот во крвта.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik