X
 18.06.2022 Економија

Над две третини од младите во Македонија живеат со родителите

Околу 71 отсто од Македонците на возраст помеѓу 25 и 29 години живеат со родителите, покажува мапа на „Лендгајст“ направена со податоци од „Еуростат“ од 2020 година.

Процентите се слични во земјите од регионот. Во Србија, 76 отсто од младите од 25 до 29 години живеат со родителите, во Албанија 73 отсто, во Црна Гора 79 отсто, во Косово 69 отсто, а во Хрватска 80 отсто.



Во Грција, 73 отсто од младите живеат со родителите, во Словенија 58 отсто, а во Бугарија 59 отсто.

Процентите се најниски во скандинавските земји, па така само 4 отсто од Данците на возраст од 25 до 29 години живеат со родителите. Процентот изнесува 9 во Норвешка и Шведска, а во Финска, 6 отсто од младите живеат со родителите.

Извор: Landgeist
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија