Еден универзитетски професор од Јужна Африка напишал поучна порака и ја залепил на влезот на универзитетот.
- За да уништите еден народ не ви се потребни нуклеарни бомби ниту ракети. Доволно е да го намалите квалитетот на образованието и да им дозволите на студентите да препишуваат на испитите.
Пациентот умира од рацете на доктор кој дипломирал со измама.
Зградата се руши поради инженерот кој дипломирал со измама.
Имотот се губи поради сметководителот кој дипломирал со измама.
Губењето на правдата може да се случи поради судијата кој дипломирал со измама.