X
 21.06.2018 Технологија

Технолошките компании доминираат на листата со најпосакувани работодавци

Борбата за врвни таленти со истакнати универзитетски дипломи е секогаш жестока. Како и претходната година, технолошките гиганти како „Фејсбук“, „Амазон“, „Гугл“ и „Мајкрософт“ меѓусебно се натпреваруваат за истите свежо дипломирани експерти.

Неодамна, истражувањето на софтверската компанија „Пиаза“ ги проучувало компаниите кои најмногу се заинтересирани за студентите со диплома од областа на компјутерската наука од универзитети како Институтот за технологија во Масачусетс, Харвард, Стенфорд, Универзитетот Остин во Тексас. Анкетата опфатила повеќе од 600 универзитети и околу 150.000 студенти.

компании
Фото: Profimedia

Ова се компаниите каде студентите најмногу сакаат да работат после дипломирањето.

30. „Ибеј“
29. „Виса“
28. „Самсунг“
27. „Киско“
26. „Слек“
25. „Пејпал“
24. „Спејс Екс“
23. „Оракл“
22. „Адобе“
21. „Дропбокс“
20. „Твитер“
19. „Ха-Пе“
18. „Линкдин“
17. „Убер“
16. НАСА
15. „Дел“
14. „Ејрбнб“
13. „Дизни“
12. „Нвидиа“
11. „Снеп“
10. „Ај-Би-Ем“
9. „Спотифај“
8. „Интел“
7. „Фејсбук“
6. „Нетфликс“
5. „Тесла“
4. „Амазон“
3. „Епл“
2. „Мајкрософт“
1. „Гугл“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија