X
 28.03.2016 Технологија

Дали знаевте дека вашиот iPhone го може и ова?

Паметните телефони нудат многу можности, а ајфонот, особено, доаѓа со уникатни карактеристики. Но, многу корисници не знаат за сите можности кои доаѓаат со овој телефон. Пробајте ги следниве.


Намалете го напрегањето на очите со промена на бојата

Долготрајното гледање во екранот може да ги замори очите. За да го намалите напорот, претворете ја црната во бела и обратно за полесно да читате текст ноќе. Одете во General, Accessibility и одберете ја опцијата која ви одговара.

Сири може да звучи и поинаку

Доколку не ви се допаѓа гласот кој го добивате со опцијата Сири, може да го смените. Може да слушате и гласови со акценти: австралиски, американски или британски.

Одредете како ќе вибрира ајфонот

Доколку сакате да препознавате кој ве бара според вибрациите, може да ги подесите повиците за да може да се разликуваат. Одете во Sounds, одберете што сакате да промените, вклучете Vibration и најдете Create New Vibration. Одберете некоја од постоечките вибрации или создадете своја.

Додадете податоци кои може да ви го спасат животот

Новите верзии на оперативниот систем на „Apple“ овозможува поставување важни медицински информации (крвна група, алергии, болести, контакт за итен случај и сл.) во апликацијата Health. До тие податоци може да стигнете доколку се притисне на Emergency кога телефонот е заклучен.

Дознајте кои авиони ви летаат над глава

Сири може да ви каже кој авион минува над вас во секој момент, заедно со авионската компанија за која лета, бројот на летот, видот на авионот, висината на која се наоѓа итн.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија