„Јутјуб“ полека воведува нови функции за кои ќе се согласиме дека одамна требаше да бидат дел од оваа платформа. Како што соопштија од „Гугл“, најголемата иновација е „тајмерот за спиење“ за сите корисници, а не само за премиум претплатниците како досега.
Оваа функција ви овозможува да поставите автоматско прекинување на репродукцијата по 10, 15, 20, 30, 45 и 60 минути или кога видеото ќе заврши.
Друга интересна новина е „фајн тјунинг“. Наместо претходниот зададен интервал од 0,25, овозможено е „фино приспособување“ во делови од само 0,05.
Овие две функции треба да бидат достапни за сите корисници во следните неколку недели.
Извор: mob.hr
Фото: Freepik