X
 13.09.2016 Култура

Како се избираат нови зборови за англискиот речник?

Најновото издание на речниот на англиски јазик од Оксфорд е достапен со 1200 нови зборови и 1000 ревидирани записи. Squee – извик што изразува допаѓање или возбуда се најде на оваа листа. Тука се и Yolo, акроним за ‘you only live once’, moobs, gender-fluid, uptalk и  Westminster bubble.

речник


Кој ги бира новите зборови?

Тим од професионалци долго време истражуваат деноноќно, прават проверки, и бараат докази пред било кој збор да влезе во речникот. Петнаесетмина од 70 вработени цела година работат на следење на зборовите во електронски колекции од текст кои содржат милјарди зборови. Се анализираат онлајн бази со податоци, како и материјал од јавноста кој е доставен преку одредени програми. Се чека обично 10 години за докази пред да се додаде збор, но постојат исклучоци.

Ажурирањата се прават и со помош на технологијата, но и човечки фактор. По првото издавање на речникот во 1884 година биле потребни 50 години за следното надополнување. Еден од уредувачите вели дека не би требало да имаат омилени зборови и сите треба да се третираат подеднакво, исто како што еден родител не треба да има омилено дете.

Кои се предвидувањата за следната година?

- Brexit fatigue – колективна малаксаност за изгласувањето Британија да излезе од Унијата
- Avotoast – авокадо на печен леб
- Corbynista – поддржувач на Џереми Корбун
- Pokemoning – излегувањето надвор да се игра Pokemon Go
- Trumpism – политиката на Доналд Трамп

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура