X
 14.04.2018 Образование

25 најдобри универзитети за бизнис

Диплома по бизнис или менаџмент може да биде отскочна штица за живот полн со успеси. Генерално, колку е подобар универзитетот, толку повеќе шанси имате да се вработите во некоја голема компанија.

Секоја година британската компанија специјализирана за образование Quacquarelli Symonds (QS) објавува детално рангирање на најдобрите универзитети во светот, направено според региони и предмети. Последната листа беше објавена неодамна и содржи интересни податоци за тоа кои универзитети нудат најдобро образование во делот на бизнисот и менаџментот.

Рангирањето е базирано на репутацијата на институцијата за академци и работодавци, како и на цитирањето што установата го добива за објавени дела од некоја дисциплина, во овој случај бизнис и менаџмент.

Најголемиот дел од врвните универзитети се во САД, но на листата има колеџи и од Европа, Азија и од Австралија. Ова се најдобро рангираните универзитети за бизнис и менаџмент:

25. Универзитетот во Мичиген, САД, е познат по огромниот стадион, но и по бизнис-училиштето, кое е меѓу најдобрите.

24. Универзитетот во Ворвик, Велика Британија.

23. Универзитетот во Њујорк, САД, е дом на школата за менаџмент „Стерн“, институција која е многу почитувана.

22. Универзитетот во Нов Јужен Велс е еден од неколкуте австралиски универзитети што се најдоа на листата. Овој универзитет забележа напредок од едно место за разлика од минатата година.


Фото: Business Insider

21. Во Универзитетот „Јејл“ во САД учеле многу од најуспешните Американци, меѓу кои и извршните директори на „Пепси“ и на „Блекстоун“.

20. Универзитетот во Чикаго, САД.

19. Универзитетот во Калифорнија, САД, минатата година беше на 16. место и сега бележи пад од три места.

18. Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк, САД.

17. Бизнис-школата во Копенхаген, Данска, оваа година бележи пад од четири места за разлика од лани.


Фото: Business Insider

16. Универзитетот за наука и технологија од Хонг Конг минатата година беше на 20-тото место, што значи дека оваа година бележи напредок.

15. Националниот универзитет во Сингапур.

14. Универзитетот во Мелбурн, Австралија, оваа година бележи напредок од дури осум места.

13. Северозападниот универзитет се наоѓа во Илиноис, САД, и оваа година бележи напредок од едно место за разлика од 2017 година.

12. ХЕЦ Паришката школа за менаџмент, лоцирана во Париз, редовно е меѓу 15. најдобри во последните неколку рангирања на QS.

11. Беркли, САД, е вториот најпрестижен универзитет кога станува збор за бизнис и менаџмент на западниот брег на САД. Оваа година овој калифорниски универзитет бележи пад од едно место на листата.

10. Универзитетот „Бокони“ е лоциран во Милано, Италија, и е вториот најдобар универзитет (кога станува збор за бизнис и менаџмент) меѓу универзитетите во кои не се зборува на англиски. Оваа година тој бележи напредок од едно место на листата.


Фото: Business Insider

9. Лондонското училиште за економски и политички науки е познато по успешните политичари и економисти што излегле оттаму, но и бизнис-училиштето е многу успешно.

8. „Оксфорд“ е најдобриот британски универзитет според неколку рангирања, а бизнис-училиштето им е омилено на оние што сакаат да успеат во британскиот бизнис-сектор. Оваа година овој универзитет е за едно место подолу на ранг-листата.

7. „Кембриџ“ исто така е британски универзитет кој се најде меѓу десетте најдобри.


Фото: Business Insider

6. Универзитетот „Стенфорд“ е една од најпрестижните институции во Америка, а и лани беше на шестото место.

5. Универзитетот во Пенсилванија, САД, нуди едни од најдобрите дипломи за бизнис и менаџмент. На овој универзитет студирал и американскиот претседател Доналд Трамп. Четири години по ред универзитетот е на петтото место.


Фото: Business Insider

4. Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) во САД е познат по науката, но тој е исклучително добар и кога станува збор за предмети поврзани со бизнис. Втора година по ред овој универзитет е на четвртото место на ранг-листата.

3. Лондонската бизнис-школа е највисоко рангирано европско бизнис-училиште каде што се зборува на англиски. Ова е елитна институција која во последните четири години постојано е меѓу првите три на листата.


Фото: Business Insider

2. Европскиот Институт за бизнис-администрација (ИНСЕАД) е лоциран во Фонтенбло, јужно од Париз, Франција и оваа година бележи напредок од едно место.


Фото: Business Insider

1. „Харвард“, САД, е најдобрата образовна установа за бизнис и менаџмент. Таму учеле извршниот директор на „Морган“, Џејми Дајмон, основачот на „Блумберг“, Мајкл Блумберг, и многу други успешни луѓе.


Фото: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование