17.11.2018
Наука
Зголемен бројот на горили, но и натаму се „загрозен вид“
Меѓународната унија за заштита на природата со седиште во Швајцарија го смени статусот на планинските горили од „екстремно загрозен вид“ во „загрозен вид“.
- Со оглед на тоа дека цел свет се соочува со исчезнување на животински видови, ова е голем успех во заштитата на природата - изјави претседателката на Фондацијата „Дајан Фоси“, Тара Стоински.
Таа фондација го доби името по специјалистката по зоологија чиј труд ѝ го привлече вниманието на меѓународната јавност на планинските горили и чии мемоари беа основа за филмот од 1988 година - „Горили во магла“ со Сигурни Вивер.
Откако планинските горили беа пред истребување, нивниот број полека се зголемува.
- Ја подобривме нивната заштита така што им обезбедивме животна средина каде што ќе се развиваат и ќе растат - изјави директорката на Меѓународната програма за заштита на горили, Ана Бехм Масозера.
Таа дополни дека мора да се има предвид дека бројот на планински горила и натаму може да се намали бидејќи постојат само две мали популации во два национални парка.
Извор: МИА