X
 17.11.2021 Живот

Административците да се вакцинираат или да се тестираат за да одат на работа, нови ковид-мерки

Сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции, за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР-тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Тие можат и да приложат потврда за прележан ковид-19, не постара од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат, а тоа се една од оние ретки имунолошки состојби за кои ние ќе излеземе со соодветна листа со болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести препорача и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат во сила по 10 дена откако ќе ги усвои Владата за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за оние здравствени работници што во овој момент сѐ уште не се вакцинирани. Филипче изјави дека препораките се кон овие мерки да се придржуваат и приватните компании со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

Тој на денешната прес-конференција изјави дека оваа одлука е донесена со консензус, од страна на сите членови на Комисијата, а врз основа на епидемиолошката состојба и со цел да се намали евентуалниот притисок врз болниците. Како што рече, потребно е болниците да работат за сите граѓани, а не само за ковид-пациенти.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот