X
 08.10.2020 Здравје

Забрана за групирање по 22 часот, забрана за семејни собири, задолжително носење маска, бара КЗБ

Комисијата за заразни болести - КЗБ предлага да се забранат семејни собири, слави и прослави во домовите, а маска задолжително да се носи секаде, како дел од новите мерки за заштита од коронавирусот. Новите мерки што ги предлага КЗБ до Владата ги кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Комисијата предлага забрана за семејни прослави, забави, слави и други собири. Во домовите да можат да се примат најмногу четворица гости за да се избегне забавите да се префрлат од кафулињата и рестораните во домашни услови. Барањето е по 22 часот да се забрани групирање на повеќе од четири лица, било да е тоа отворен било затворен простор. Исто така, се бара задолжително носење маски секаде, при престој на отворено, на работно место, во јавен транспорт, во приватни возила ако лицата не живеат заедно. Исклучок од ова правило е при спортување, на отворен или затворен простор каде што се почитуваат протоколите, при транспорт во приватно возило ако патниците се од исто семејство или домаќинство, при седење во угостителски објекти и во канцеларија доколку е лицето само. Исклучок, исто така, се децата до 6 години.

- Секој што ќе излезе од дома ќе мора да носи маска. Планираме и поригорозни мерки. Можна е и рестрикција на движењето - вели Филипче.

Тој додаде дека е вистински предизвик како ќе се организира контролата по домовите, а таа ќе биде по пријава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје