X
 17.11.2022 Живот

Метрополите низ светот ги украсија улиците и покрај кризата

Температурите паѓаат, а тоа ни кажува дека се приближува зимата. Освен тоа, веќе излегуваат божиќни реклами и некои градови почнуваат да ги украсуваат улиците за празниците.


Лондон и Виена се само некои од европските градови што веќе ја отворија сезоната на празнување. Дури ни енергетската криза не ги спречи.


- Мора да користиме помалку енергија, помалку струја и помалку осветлување, но истовремено не може да им ја скратиме заедничката радост на парижаните, децата, посетителите, туристите - изјавил Марк-Ентуан Жаме, претседател на одборот на авенијата „Елисејски полиња“.


Божиќната атмосфера се чувствува и во Њујорк, каде што пристигна едно од најголемите дрвја во светот, кое ќе биде поставено во центарот „Рокфелер“.

Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот