X
 21.03.2020 Живот

Поради изолацијата и отсуството на луѓето, животните ги окупираат улиците низ светот

Сè повеќе земји се одлучуваат за воведување карантин, затворајќи ги училиштата, кафулињата и рестораните. Tака луѓето претежно се дома и речиси немаат допир со надворешниот свет.

Природата си го прави своето и луѓето го забележуваат неочекуваниот резултат на карантинот. Во земји како Јапонија, Италија и Тајланд се забележува како животните ги окупираат улиците поради отсуство на луѓето.

Во Јапонија на улиците се забележани елени од паркот Нара, кои тргнале во потрага по храна. Обично паркот е преплавен со туристи, а локалните атракции ги вклучуваат и елените. Туристите обично ги хранеле елените со крекери, но бидејќи бројот на посетители опадна во последните неколку недели, елените немаат друг избор освен да талкаат надвор од нивната територија за да најдат храна.

2
Фото: Twitter


Еден корисник на социјалната мрежа „Тумблр“ од Италија сподели фотографија на која се гледа како диви свињи шетаат по улиците на неговиот град.

2
Фото: Tumblr

Друг Италијанец сподели фотографија од неговиот град каде што слободно шетаат коњи.

konji
Фото: Tumblr

Друг Италијанец сподели фотографија од овци што шетаат по улиците.

ovci
Фото: Tumblr

Извор: Bored Panda
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот