Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) в понеделник, со почеток во 11 часот, ќе одржи Свечен собир во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Собирот ќе биде составен од два дела. Во првиот ќе има обраќање на д-р Стево Пендаровски - претседател на РС Македонија, академик Љупчо Коцарев - претседател на МАНУ, проф. д-р Никола Јанкуловски - ректор на УКИМ, академик Катица Ќулавкова - секретар на ОЛЛН – МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески.“
Со омаж за Конески ќе се претстават акад. Зузана Тополињска и акад. Влада Урошевиќ. Во вториот дел на Свечениот собир ќе бидат претставени 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески
МАНУ ќе ја промовирана и
веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“ што ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.