X
 29.11.2021 Култура

27 основци наградени по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Министерството за образование и наука со посебно формирана комисија избра 27 ученици од прво до деветто одделение кои се наградени во шест категории. 

Учениците од прво до трето одделение се натпреваруваа во три категории:  „Блаже Конески низ цртеж“, „Буквите низ цртеж“ и во категорија за најдобра ликовна творба/фотографија, а од четврто до деветто одделение можеа да творат на темите „Конески бдее над татковината – јазикот“ и „Поезијата на Блаже Конески – наша ненасушна инспирација“ во три категории: за најдобра поетска творба, најдобар расказ и најдобра ликовна творба/фотографија. Победниците беа симболично наградени со по две збирки дела од Блаже Конески.

- Стогодишнината од раѓањето на еден од најпознатите македонски дејци одлучивме да ја одбележиме заедно со основците, со најмладите во образовниот систем, за да покажеме дека во училиштата се учи за Блаже Конески уште од рана возраст и младите знаат за кого се работи, знаат каков и колкав е неговиот придонес во развојот на македонската култура, литература, традиција, наука и воопшто неговиот придонес кон градењето на националниот идентитет - соопштија од МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура