Во Друштвото на писателите на Македонија утревечер, во 19 часот, ќе се одржи поетско читање на кое поети од различни генерации ќе ја искажат својата почит кон ликот и делото на Блаже Конески. Тие ќе прочитаат по една песна од Конески по свој избор и една сопствена песна. Ќе настапат: Зоран Анчевски, Катица Ќулавкова, Иван Џепароски, Кристина Николовска, Владимир Мартиновски, Виолета Танчева-Златева, Тихомир Јанчовски, Сузана В. Спасовска, Снежана Стојчевска, а со писмо ќе се вклучи и Лидија Димковска. Настанот ќе го модерира Александра Јуруковска.
Поетското читање се организира по повод 98 години од раѓањето на Конески.