X
 14.12.2021 Живот

Привршува собирот „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“

Со денешниот втор ден од Меѓународниот научен собир „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“ полека привршуваат активностите по повод одбележувањето на овие два големи јубилеи. Меѓународниот научен собир „100 години Блаже Конески и 75 години Филолошки факултет“ има цел да придонесе во тековната дебата за улогата на Конески во проучувањата на јазикот, книжевноста и преводот, како и во дискусиите за перспективите на македонистиката и филолошките науки, воопшто. 

Утре (15 декември) ќе има онлајн промоција на јубилејни и актуелни изданија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Овие два настана се одржуваат онлајн и се од отворен тип, а можат да ги следат сите заинтересирани, додека следниот ден ќе има свечена седница на Наставно-научниот совет на која ќе им се доделуваат награди на студентите за најдобар есеј за Блаже Конески. 

На крајот од неделата, в сабота, ќе се положува цвеќе на гробот на Конески, а в недела (19 декември), на денот на нашиот патрон Блаже Конески, ќе се одржи Свечена академија (гала-вечер) во Македонскиот народен театар. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот