Домашните задачи се дизајнирани за да ги предизвикуваат учениците или, во најмала рака, да го зајакнат она што го научиле во текот на училишниот ден. Но понекогаш овие прашања се претерано тешки (или се погрешни) и ги принудуваат збунетите родители да побараат помош од интернет.
Во продолжение погледнете ги домашните задачи на децата што дури и возрасните не можеле да ги разберат без помош од интернет.
Од првоодделенците се очекувало да го решат овој проблем за 20 секунди.
Овој проблем е на интернет веќе подолго време, но неодамна се појави на приемниот испит во едно основно училиште во Хонг Конг. Од шестгодишниците се очекувало да го кажат одговорот за 20 секунди или помалку.
Постои нешто интересно за овој математички проблем - за него воопшто не е потребна математика. Само свртете го прашањето наопаку и ќе видите дека е едноставна низа на броеви, а полето во кое се наоѓа автомобилот е број 87.
Родителите се поделени помеѓу два одговора за ова прашање за второ одделение.
Но пресметувањето на одговорот е поедноставно отколку што се чини: 19-те луѓе што излегуваат од возот може да се претстават со -19, а 17-те луѓе што се качуваат на возот може да се претстават со +17.
-19+17=2, што значи дека има загуба од двајца луѓе. Ако сега има 63 луѓе во возот, тогаш тоа значи дека имало 65 на почетокот.
Задачата за трето одделение едноставно е премногу двосмисленa.
Ова е премногу двосмислено за да биде прифатливо прашање. Задачата утврдува дека Џанел изгубила „неколку“ џамлии, и буквално не постои начин да се каже колку има сега.
Неколку корисници на „Редит“ претпоставуваат дека „неколку“ е 15 - n {n ∈ ℤ |1, а наједноставниот одговор е <15, но дури и тоа е апстрактно за третоодделенец.
Прилично тешка задача за ученици од прво одделение.
Оваа задача е позната како збиена кружна сума. Броевите во четирите оддели треба да се еднакви на сумата од трите броја во круговите што ја допираат таа секција. Броевите во круговите не можат да бидат поголеми од 9 и можат да се искористат само еднаш.
Некои луѓе велат дека има грешка и дека бројот 2 треба да биде 20, додека други тврдат дека го пронашле одговорот.
„Роденденот на Шерил“, една од најпознатите домашни задачи.
Во оваа задача Шерил им кажува на нејзините пријатели Алберт и Бернард различни навестувања за тоа кога е нејзиниот роденден. На Алберт му го кажува само денот, а на Бернард само месецот.
Со користење на процес на елиминација, може да се заклучи дека роденденот на Шерил е на 16 јули.
Зборот во оваа домашна задача е збунувачки.
Две работи се збунувачки во врска со ова прашање. Првата, зборот имплицира дека е возможно Марти да изеде повеќе од Луис. Втората, не е специфицирано дали пиците се со иста големина, така што ученикот технички е во право.
Математичко прашање од Виетнам што не е тешко, но одзема многу време.
Предизвик: Секој број од 1 до 9 може да се искористи само еднаш за да се пополни табелата и да се направи равенка еднаква на 66.
Нема некоја потешка математика, меѓутоа, задачата одзема прилично многу време.
Задача што предизвика контроверзија.
Задачата што се прошири низ интернетот вели дека ако на 120 луѓе им се потребни 40 минути за да ја исвират песната, колку време би им било потребно на 60 луѓе за да ја исвират истата песна?
Ако кажете 80 минути, тогаш грешите. Песната е 40 минути без разлика на тоа колку луѓе ја свират.
Дури и децата што одат во градинка имаат тешки задачи.
Со оглед на тоа што првите три одговори започнуваат на буквата Т, логично е и последната слика да започнува на т. Една мајка ја споделила фотографијата на „Фејсбук“ и побарала помош, а одговорите што ги добила се: „twins“, „twabbit“ и „this was an error“.
Вистинскиот одговор? „Vet“, иако не започнува на т.
Едно семејство морало да побара помош од „Фејсбук“ за домашната на нивното дете што било прво одделение.
Едноставно кажано: ако проблемот е премногу комплициран за родителот, тогаш е премногу тежок за првоодделенец. Прашањето е за многу повисоко одделение и бара замена на бројките со букви.
Очигледно, 80 отсто од децата успеале да го решат проблемот, што има географски елемент.
„Нешнл џиографик“ ја искористи оваа загатка во шоуто „Бреин Гејмс“, а прашањето е кон каде вози автобусот.
Доколку не го знаете одговорот, тогаш треба да знаете дека зависи од тоа каде се наоѓате во светот - во Велика Британија се вози на левата страна од патот, така што автобусот патува надесно, но ако живеете на кое било друго место, автобусот патува налево.
Поради грешка, ова прашање е невозможно да се одговори.
Оваа загатка едноставно нема смисла. Логичкиот одговор треба да биде „excited“, но ги нема правилните букви.
Два одговора се чинат за точни, но еден е „поточен“ од другиот.
Фото: Imgur
Првото прашање ги прашува учениците да пресметаат 5 х 3 користејќи повторен додаток. Ученикот напишал 5 + 5 + 5 = 15, со што задачата му била земена за грешна, а погоре наставникот го напишал „точното“ решение: 3 + 3 + 3 + 3 + 3 = 15.
Второто прашање бара од ученикот да пресмета 4 х 6 со помош на низа. Ученикот прави низа со шест реда и четири колони, добивајќи одговор дека 4 x 6 = 24. Наставникот повторно му го зема за грешно и црта речиси идентична низа од четири реда и шест колони.
Кога 11-годишно девојче ја донело задачата дома, дури и мајка му не можела да му помогне.
Фото: Facebook
Кога една мајка ја постирала на „Фејсбук“ оваа задача, некој искоментирал: „Ве молам кажете ми го одговорот. Имам главоболка“, на што повеќето луѓе се согласиле.
Дури и со решението (2/8 + 2/3 = 12/48 + 32/48 = 44/48 = 11/12), задачата е конфузна.
Граматиката може да е конфузна за многу луѓе, а не само за децата.
Фото: Facebook
Ако мислите дека точниот
одговор на сите прашања е опцијата под број три, не сте сами, но и грешите.
Ова е поради правилото дека именката во еднина (Марк, Џејкоб, судењето) треба да биде проследена со глагол во еднина.