X
 15.03.2017 Забава

Необичен часовник за сите љубители на математиката

casovnik

Часовникот наречен „Albert“ не е едноставен часовник. Имено, станува збор за уред кој ќе ви го каже времето, меѓутоа само ако самите успеете да го пресметате.

Дизајниран од Аксел Шиндлбек, часовникот е еден вид на ментална вежба, која ви овозможува математичка калистеника која ви е потребна за да ги одржувате вашите математички вештини на високо ниво. Технички е дизајниран за училници и деца, но и секако за возрасните кои може да ги вежбаат и нивните вештини по множење.

Дигиталниот часовник има четири различни нивоа кои можат да ви помогнат во вежбите за собирање, одземање, множење и делење. За вистински предизвик, можете да го програмирате за тој да менува равенки почесто од една минута, со што ќе ви прикажува нова загатка на секои 10 секунди.

Часовникот е околу 300 долари, меѓутоа достапна е и мобилна верзија која е бесплатна. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава