Истражување на италијански археолози покажало дека во гробницата на Тутанкамон нема скриени комори, објавил египетскиот министер за антиквитети Мостафа Вазири.
(
Фото: Pixabay)
„Радарски снимки од гробницата потврдија дека нема комори, врати или скали. Тоа ѝ се спротивставува на теоријата дека внатре или покрај гробницата на
Тутанкамон се наоѓаат премини или простории“, додал Вазири.
Британскиот египтолог Николас Ривс претходно кажал дека детални фотографии и снимки од северниот ѕид на гробницата упатуваат на постоење отвори во нова комора.
Се наведува дека Ривс сугерирал дека би можело да се работи за гробница на кралицата Нефертити, жената на таткото на Тутанкамон, фараонот Акхенатена.
Тутанкамон бил еден од последните кралеви од 18. династија. Умрел во 19. година под неразјаснети околности. Неговата гробница е откриена во 1922 година и е единствено откритие меѓу фараонските гробници во Долината на кралевите во Луксор, поради изобилството луксузни предмети што се пронајдени таму.
За разлика од мнозинството други гробници, гробот на Тутанкамон не бил ограбен.