X
 10.12.2021 Живот

Девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години кај нас имаат анксиозност, 2 проценти страдаат од тага или депресија

Девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија, стои во мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на УНИЦЕФ, кое за нивни потреби го спроведе Државниот завод за статистика. Истражувањето било спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените. Ова истражување било објавено уште во мај 2020 година, но поради пандемијата, не го добило публицитетот што го заслужува и затоа сега повторно ќе бидат објавувани клучни податоци од него, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Според ова истражување, околу девет проценти од децата на возраст од 2 до 17 години имаат функционални тешкотии во најмалку еден домен, според одговорите на нивните мајки/старатели. Поголем дел од децата во најсиромашните домаќинства доживуваат функционални тешкотии во кој било од домените, во споредба со нивните врсници во најбогатите домаќинства. Исто така, околу 10 проценти од децата на возраст од 2 до 17 години носат очила, додека помалку од 1 процент користат опрема или добиваат помош при одење.

Програма МИКС уште од 90-тите години на минатиот век се занимава со анкетирање на домаќинствата, со што се мерат клучните индикатори кои им овозможуваат на земјите да создаваат податоци за креирање политики, програми и национални планови за развој.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот