X
 04.09.2017 Култура

Зошто спортските екипи на Израел се натпреваруваат во Европа?

izrael

Иако географски Израел се наоѓа во Азија, од безбедносни причини настапува во Европа.

Фудбалскиот сојуз на Израел е основан под името Фудбалски сојуз на Палестина (FSP) уште во 1928 година, 20 години пред основањето на државата Израел и на крајот на британскиот мандат во Палестина. Фудбалскиот сојуз е прифатен како член на ФИФА во 1929 година.

Во азиските натпреварувања бил присутен од 1954 до 1974, а во океанските од 1974 до 1991 година.

Поради израелско-арапскиот конфликт, неколку муслимански земји одбиле да играат против Израел. Врвот бил кога во 1958 година Израел се квалификувал за Светското првенство, а не изиграл ниту еден натпревар. ФИФА морала да закаже плејоф-натпревар помеѓу Израел и Велс, на кој победил Велс.

Во 1990 година Израел играл против Колумбија во плејоф-натпревар за квалификација на Светското првенство во Италија.

Инаку, Израел на Светското првенство успеал да се пласира само еднаш, во 1970 година, а од пристапувањето во УЕФА ниту еднаш не се квалификувал за учество на Европско првенство.

Поради овој преседан, Австралија бара во иднина да настапува во Азија наместо во Океанија.

Првиот меѓународен натпревар како држава Израел го одигра на 26 септември 1948 година, и тоа во Њујорк, против олимпискиот тим на Америка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура