Замислете дека треба да фрлите бејзбол-топка. Лесно, нели? Сега замислете фрлање топка на Месечината.
Еве појасна слика: на Месечината можете да фрлите топка исто како да сте ја фрлиле над Кривата кула во Пиза.
Астрономот Џејмс O'Донгју направил цела математика прикажувајќи фрлање топка на секоја планета, плус Плутон и Месечината.
- Моментално можеме да ја доживееме вселената само преку слики и видео, така што овој вид видео е дизајнирано да ви овозможи поинакво искуство: да имате претстава какви се силите на другите светови - вели О'Доногју, кој работи во Јапонската агенција за воздухопловно истражување.
- Ние ја фрламе оваа топка со приближно максимална брзина што просечен човек може да ја фрли - вели тој.
Оттаму, гравитацијата одредува до каде оди топката. Гравитацијата на планетата доаѓа од нејзината маса - помасивните објекти имаат посилна гравитација, но и густината игра клучна улога.
- На пример, Сатурн има 95 пати поголема маса од Земјата, но таа е најмалку густа планета во Сончевиот Систем. Кога сте на работ на Сатурн, силата на гравитацијата што ве влече внатре е послаба од таа на Земјата - вели тој.
Затоа фрлањето топка на Сатурн не е ништо посебно. Навистина извонредно фрлање се случува на Плутон.
Со само две третини од дијаметарот на нашата Месечина, Плутон има толку слаба гравитација што топката би можела да ја премине Големата пирамида во Гиза висока 146 метри.
На крај, топката на Плутон би патувала 16 пати подалеку отколку на Земјата.
Видеото прикажува и колку долго ќе трае секое фрлање на топката. На Плутон се потребни 47 секунди за топката конечно да падне.
Фото: Freepik