X
 29.09.2018 Здравје

Совети како да избегнете срцев удар - еден од најголемите убијци во светот

Ако постои ден кога треба да се одлучиме и да започнеме да ги менуваме нашите навики за да живееме подолго, тоа секако е 29 септември, Светскиот ден на срцето. Денот настанал со цел да ги поттикне луѓето да направат позитивни промени во животот, а ние даваме придонес во тоа. Се разбира дека треба да се вежба секој ден, правилно да се храните, да престанете да консумирате цигари и алкохол, да не се изложувате на стрес - сите го знаеме ова.

Тешко е да се исфрлат навиките и рутините што ги имаме - свесни сме за тоа со почетокот на секоја нова година. Но, постојат едноставни и минимални промени што водат до големи промени и не бараат многу напор, а можат да бидат прв чекор кон здраво и силно срце.

Станете и прошетајте


Веднаш откако ќе го прочитате текстот, станете и испешачете 10 минути. Целото тело ќе ви биде благодарно, а благотворниот ефект ќе го почуствувате истиот момент. Ова повторувајте го секој ден, два до три пати. Половина час физичка активност ја намалува можноста за развој на кардиоваскуларни заболувања.

Не е идеално, но е почеток. Препорката на докторите е секој ден да вежбате барем 150 минути за да го одржувате оптималното здравје на срцето. И срцето е мускул во нашето тело, кој работи постојано. Како и секој мускул, ако не вежбаме, ќе стане слаб со текот на времето и ќе престане да работи.

prosetka
Фото: Profimedia


Појадувајте


Се разбира, разновидна храна и умерено. Исфрлете ги заситените масти и користете маслиново масло или од репка. Ова значи помалку месо и повеќе овошје и зеленчук. Ова го намалува ризикот од развој на рак, срцев и мозочен удар и тумор, а притоа изгледаме подобро бидејќи слабееме.

Нутриционистички додатоци


Нутриционистичките додатоци се поважен начин за одржување на долгорочно здравје. Со развојот во медицината и технологијата, се развива и квалитетот на додатоци во исхраната.

Еден од ефикасните начини за одржување на здравјето на срцето е консумирање на омега-3 масни киселини кои се најефикасни кога се земаат како концентрати, односно додатоци во исхраната.

Наспијте се


Ако имате висок крвен притисок, висок индекс на телесна маса, зголемен холестерол, шеќер и/или триглицериди, разликата од два часа сон дневно може да значи разлика меѓу животот и смртта.

Во принцип, сите ние треба да спиеме најмалку седум часа дневно за да го одржуваме менталното и физичкото здравје. Оние кои имаат здравствени проблеми имаат двапати поголеми шанси да умрат од срцев удар ако спијат шест или помалку часа во однос на здравите поединци.

Не работете ништо

Да, ништо. Не се движеете, не пишувајте, не гледајте во телефонот, не разговарајте со луѓе, не го планирајте денот, не пијте кафе... едностано ништо. Секој ден, издвојте си малку време за тоа. Десет минути седење и чистење на сопственото дишење. Всушност, се препорачува медитација.

Докажани се корисните ефекти на длабокото дишење - намалување на стресот, подобар сон, низок крвен притисок, спречување на анксиозноста, олеснување на болката и помош во борбата против зависноста.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје