X
 16.12.2018 Здравје

Научниците откриле лесен начин за мерење на нашата ментална состојба

Нашите очи може да послужат како прозорец низ кој може да се види колку сме под стрес, велат научниците кои откриле дека проширувањето на зеницата може да се искористи за да се открие менталната оптовареност на една личност кога извршува повеќе задачи.

Претходните истражувања за обемот на работа и продуктивноста вклучуваат физички аспекти, на пример, колку една личност физички се напрега, но тие не ја зеле предвид состојбата на умот.

oko
Фото: Thinkstock


- Ако вашите витални органи се во лоша состојба, тогаш нешто не е во ред со вашето тело, па лекарите ќе се обидат да дознаат што не е во ред. Многу луѓе имаат повеќе задачи, но во моментов не постојат мерења за нечија ментална благосостојба. За среќа, откривме дека големината на зениците може да биде клучот за мерење на нечија ментална состојба додека човек извршува повеќе задачи - вели Јунг Хиуп Ким, доцент на Универзитетот во Мисури-Колумбија, САД.

Секој различно го доживува стресот. Истражувачите сакале да пронајдат начин за универзално мерење на податоци во различни индустрии, што ќе го покажат нивото на стрес кај вработените додека извршуваат повеќе задачи или додека извршуваат задачи со ниска или висока сложеност.

За да го направат тоа, научниците искористиле симулирана контролна просторија во фабрика за рафинерија за нафта. Учесниците морале да одговорат на некои изненадни промени, на пример, аларм, додека истовремено гледале во два монитора.

За време на сценариото со едноставните задачи, движењето на очите на учесниците било прилично предвидливо. Но, како што задачите станувале покомплексни и се случувале неочекувани промени, однесувањето на окото на учесниците станувало попроблематично.

Овие откритија научниците ги споредиле со податоците од НАСА за тоа како на астронаутите им се менуваат зениците како одговор на стресните ситуации. Тоа им покажало дека проширувањето на зениците може да се искористи за да се покаже менталниот обем на работа на една личност во средина што дава повеќе задачи.

Наодите можат да бидат дизајнирани за да се избегне менталното преоптоварување на работниците и да се создаде безбедна работна средина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје