X
 10.11.2024 Живот

Вистина или мит? Видео открива дали Данците се навистина најсреќните луѓе во светот

- Дали знаете дека Данска е прогласена за една од најсреќните земји во светот, дека нејзините жители се многу задоволни од нивниот начин на живот, платите, работните услови, здравството и политиката и дека стапката на корупција е толку ниска, а невработеноста речиси не постои? - нè воведува патописецот Роберт Дачешин во приказната за Данска.

- Сепак, не е сè така бајковито. Многу Данци страдаат од депресија и земаат апчиња и средства за смирување, а времето овде во поголемиот дел од годината нè тера да се запрашаме дали навистина е така. Затоа, немавме друг избор освен да се упатиме по улиците на Копенхаген, и директно од локалното население да дознаеме каков е нивниот живот, но и да го испитаме познатото „хиге“, термин кој е многу тешко да се преведе - вели Дачешин.

„Хиге“ симболизира исполнетост, среќа и задоволство што може да се постигне на различни начини. Иако не постои единствена дефиниција, за многумина „хиге“ е леснотијата на постоењето и уживањето во моментот со едноставни, мали нешта. Данците го бараат во дружењето со пријателите, читањето книга во топлината на домот, возењето велосипед, играњето друштвени игри и други активности. Како „хиге“ го дефинираат Данците, погледнете во новото видео на Роберт Дачешин.



Извор: n1info.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот