Во Стокхолм е отворено првото училиште без училници. Дизајнерите одлучиле да го напуштат класичниот концепт при градење на образовните институции со цел да создадат атмосфера која развива креативност и љубопитност кај учениците.
Приватната компанија „Витра“, која поседува училиште, со желба процесот на учење да се одвива на целиот простор и во сите агли од зградата, наместо ѕидови што ги одвојуваат училниците, креира отворен простор со различни зони.
Според информациите објавени на службената интернет-страница на училиштето, во школото постојат пет зони за учење:
• Зоната „Пештери“ е наменета за осамување, концентрација и комуникација со самиот себе;
• Зоната „Лабораторија“ е наменета за експериментирање и практична работа. Овде децата, во текот на различни активности, можат да истражуваат бои, форми и материјали. Дополнително, овде може да се најде и количка на која можат да се превезуваат експонатите од лабораторијата по целата зграда;
• Зоната „Покрај оганот“ е наменета за работа во мали и големи групи;
• Зоната „Водопад“ е место за состаноци и импулси, кое секогаш е удобно и децата таму постојано очекуваат разни активности. Тука секое дете може да наврати на барем неколку минути, а потоа да продолжи натаму;
• Во зоната „За показ“ децата можат да ги демонстрираат своите успеси и откритија, да одржат презентација, да насликаат слика на ѕидот, да прикажат филм или блог.
Компанијата
Vittra Utbilding AB, во чија сопственост е училиштето, е основана во 1992 година како резултат на реформите на образовниот систем во Шведска. Во училиштата „
Витра“ нема настава, ниту оценки.
За секој ученик постои индивидуална програма. Истовремено, тука школувањето е бесплатно. Компанијата веќе поседува 27 училишта во Шведска и уште неколку во Норвешка, Данска, Летонија и во Естонија. Впрочем, најдобро е да се види како тоа изгледа во реалноста. Погледнете го видеото: