X
 26.08.2018 Забава

Овие песни во ниеден случај не требаше да влезат во листите на најслушани песни




Новите генерации носат промени во музичките жанрови и начинот на којшто се пишува популарна музика. Сепак, една работа останува константна – секоја година текстови со сомнителен квалитет достигнуваат до врвот на музичките топ-листи.

„Билборд“ сочинува листа на најслушани хитови на годишно ниво. Врз основа на нив, „Бизнис инсајдер“ направи листа од оние песни коишто во никој случај не би требало да се најдат меѓу топ десетте хитови на годината, почнувајќи од почетокот на 21 век до денес.


Музичката група The Black eyed peas
(Фото: Wikimedia Commons)


Погледнете како изгледа таа листа:

2000: „I know I loved you“ – Savage Garden

Критичарите во „Бизнис инсајдер“ оваа песна ја оценија како патетична и полна со стереотипи, како на пример: „Знаев дека те сакам, уште пред да те запознам“. Сепак, оваа нумера од австралиското дуо стана една од најпознатите песни за време на свадбените церемонии.

2001: „Drops of Jupiter (Tell me)“ – Train

Со овој хит, Train се проби на светската музичка сцена, а во него се зборува за жена „со капки од Јупитер во косата“. Исто така, своевремено беше неизоставен хит на радио-станиците долго време по објавувањето.

2002: „How you remind me“ – Nickelback

Од „Бизнис инсајдер“ велат дека оваа не е најлошата песна на познатиот канадски бенд.

2003: „Right Thurr“ – Chingy

Неговиот дебитантски сингл имаше сјаен пробив, но гледано во целост, Chingy остава впечаток на просечност, и првенствено е иритантен отколку што влегува во уши.




2004: „The reason“ – Hoobstank

Според критичарите, самиот наслов на песната е ужасен, барем во споредба со квалитетниот раб и R&B музиката.

2005: „Boulevard of broken dreams“ – Green day

Оваа нумера е карактеризирана како рок-балада, но денес не би имала шанса кај слушателите. Според мислењето на составувачите на листата на „Бизнис инсајдер“, песната на Green day е реликвија со ужасни поп-скокови.

2006: „Bad day“ – Daniel Powter

Оваа песна во 2006 година се најде на првото место на топ-листите. Сепак, критиката вели дека фактот што оваа песна денес не би се ни доближила до топ десетте хитови на листите, се должи на макар малиот прогрес во светот на музиката.

2007: „Hey there Delilah“ – Plain White T’s

Коментарот на критиката за оваа песна гласи: „Њујорчани, кога ќе се додворувате на ’Тиндер‘, обидете се со стихот: ’Тајмс сквер не може да сјае како тебе‘“.




2008: „No air“ – Jordin Sparks and Chris Brown

Критиката: „Никој не може да дише без воздух“.

2009: „I gotta feeling“ – The black eyed peas

Трансформацијата на овој бенд од инди рап во она што го претставуваат песните „Boom Boom Pow“ и „I gotta feeling“ е разочарувачка, вели критиката.

2010: „Hey, soul sister“ – Train

„Речиси една деценија подоцна, Train се праша себеси како повторно може да дојде до врвот со помош на капките од Јупитер“, коментира критиката.

2011: „Moves like Jagger“ – Maroon 5 ft. Christina Aguilera

Оваа песна грубо го обележа периодот во кој Maroon 5 почна да продава што било заради стара слава, додаваат критичарите.

2012: „Payphone“ – Maroon 5 ft. Wiz Khalifa

И повторно Maroon 5 се најде на мета на „Бизнис инсајдер“. Тие оценуваат дека во спотот било непотребно „повикувањето на саканата преку фиксен телефон во ера на мобилни телефони“, и дека песната означува дополнителен пад на квалитетот на познатиот американски бенд.

2013: „Thrift shop“ – Macklemore and Ryan Lewis ft. Wanz

„Смешен хит сингл од албумот што го украде ремек-делото на Кендрик Ламар и освои Греми за најдобар рап албум“, стои во критиката за оваа песна, која за потсетување се најде дури на првото место.

2014: „Rude“ – Magic!

Бесмислениот хит за таткото на идната свршеница, кој не сака да ја даде раката на својата ќерка изобилува со стихови како следниве: „Зошто мораш да бидеш толку строг?“, „Зар не знаеш дека и јас сум човек?“, „Реков, сепак ќе се оженам со неа“.

2015: „Shut up and dance“ – Walk the moon

Овој тип на песна е од оние кои постојано ги слушате на радио, а никогаш не сте се потрудиле на откриете кој ја изведува. Потоа дознавате и веднаш заборавате дека бендот се вика Walk the moon, велат од „Бизнис инсајдер“.




2016: „Stressed out“ – Twenty one pilots

Во годините кога пред нив се најдоа Џастин Бибер и The Chainsmokers, ова дуо се изгуби во желбата да се врати во адолесценцијата, коментираат критичарите.

2017: „Something just like this“ – The Chainsmokers and Coldplay

Од „Бизнис инсајдер“ оваа песна ја оценуваат како обид да се искомбинираат сите музички сили и да се направи песна што содржи 12 повторувања на рефренот: „Doo-doo-doo, doo-doo-doo“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава