Деновиве беше објавен 27. извештај на „Мерсер“ за трошоците на живот, за чија изработка биле анализирани податоци од 209 градови на 5 континенти.
За да се изработи извештајот биле мерени компаративни трошоци за повеќе од 200 нешта, од сместување и превоз, до храна и предмети за домаќинството, со цел да се рангира секој град.
Бишкек во Киргистан е прогласен за најевтин град, а веднаш по него се Лусака во Замбија и Тбилиси во Грузија.
Пет од 10. најевтини градови се во Африка. Во меѓувреме, ниту една дестинација во Северна Америка не влезе во топ 20.
Најевтини градови за живот во Европа се Минск во Белорусија, кој беше 13. најевтин (рангиран 197 од 209) и Скопје, главниот град на Македонија, кој беше 18. најевтини (рангиран 192.).
Фото: Freepik
Анкетата ги откри и најскапите градови во светот.
Неколку европски градови се искачија на листата поради зајакнувањето на локалните валути, а Париз од 50. место претходната година, сега се најде на 33. место на листата на најскапи градови за 2021 година.
Велика Британија остана стабилна со Лондон на 18. место и Бирмингем на 121. место.
Ова се топ 20. најевтини градови за живеење:
Бишкек, Киргистан
Лусака, Замбија
Тбилиси, Грузија
Тунис, Тунис
Бразилија, Бразил
Виндхук, Намибија
Ташкент, Узбекистан
Габороне, Боцвана
Карачи, Пакистан
Банџул, Гамбија
Исламабад, Пакистан
Алжир, Алжир
Минск, Белорусија
Манагва, Никарагва
Ереван, Ерменија
Адис Абеба, Етиопија
Алмати, Казахстан
Скопје, Македонија
Рио де Жанеиро, Бразил
Блантајер, Малави
Фото: Freepik