X
 19.08.2018 Живот

Вистината за ќерките на Путин и зошто толку ги крие

Претседателот на Русија, Владимир Путин (65) секогаш прави сѐ за да го држи неговиот приватен живот далеку од очите на јавноста.

Од неговиот прв брак, која траеше 30 години, до наводните девојки и вториот брак, Путин и неговата администрација направија сѐ да ги спречат медиумите да дознаат детали за него, освен што сакаше да го лансира како добар ПР - од јавање коњи, преку кревање тегови, мазење на диви животни, па до позирање гол до појас.

А особено се трудеше да ги држи настрана од очите на јавноста неговите деца - двете ќерки кои ги има со поранешната сопруга Људмила и наводно 3-годишната ќерка која ја доби со гимнастичарката Алина Кабаева, а за која, се разбира, никогаш јавно не призна дека ја има.

Врската меѓу Путин и Кабаева никогаш не е потврдена, но е јавна тајна
Фото: Noizz

Сепак, откриено е барем нешто во врска со нивните животи и покрај неговите напори тоа да остане тајна.

Со поранешната стјуардеса Људмила Шкребнева, Путин има две ќерки, а нивниот брак се распадна во 2013 година. Ќерките се викаат Марија и Катерина, првата е родена во 1985 година во Ленинград, а втората на свет дојде една година подоцна, во Германија, каде што семејството живеело во текот на службата на Путин во КГБ.

Двете биле крстени по бабите, а нагалено ги викаат Маша и Катја.

Кога семејството се преселило во Москва во 1996 година, девојките оделе на училиште на германски јазик, но престанале да одат кога татко им стана претседател и нивното образование продолжи дома.

-Малку татковци ги сакаат своите деца како тој што ги сака - ова е изјава која наводно ја дала Људмила.

Изјавата стои на интернет страницата на владата на Путин.

-Тој ги разгали, додека јас бев онаа што мораше да воведе дисциплина - продолжува Људмила.

Марија завршила медицинско училиште во Москва, а потоа студирала биологија, додека Катерина специјализирала на полето на азиските студии. Двете девојки на универзитет оделе под лажен идентитет.

Путин и Марија (втора од лево)
Фото: Noizz

Марија сега има 33 години, прави медицински истражувања и живее во Москва со нејзиниот сопруг, Холанѓанецот Јорит Фасен. Се претпоставува дека имаат дете бидејќи Путин му кажа на Оливер Стоун во 2017 година дека е дедо, а на прашањето дали да си игра со внукот, тој одговори: За жал, многу ретко.

Катерина, сепак, е целосна спротивност на нејзината сестра. Таа ужива во животот на висока нога и заработува богатство.

Таа има 31 година, беше акробат, а сега води стартап вреден 1,7 милијарди долари. Се омажи за рускиот милијардер Кирил Шамалов во 2013 година, но тие се разведоа пред неколку месеци, кога беше откриено и дека нивниот имот вреди 2 милијарди долари.



Нема официјални фотографии од девојките, а дури и се шпекулира кои се нивните вистински имиња. Така, Катерина би можела да биде и Катја и Екатерина, а како нејзини презимиња се наведуваат Путин, Тихонова и Шамалов.

Според гласините кои се шират со години, Путин има и трета ќерка со неговата девојка (можеби сега и сопруга), поранешната олимписка шампионка во гимнастика, Алина Кабаева. Британските таблоиди дури и шпекулираа дека имаат и два сина кога Алина се појави во јавност седејќи покрај две момчиња.

Сепак, очекувано, ниту едно од овие деца, како и врската со Кабаева, не се потврдени.

А зошто Путин ги крие своите деца? Иако сите мислат дека тоа е поради нивната безбедност, упатените тврдат дека тој има уште една многу силна причина за тоа - тој не сакал неговото име да им биде товар во животот, туку да им обезбеди полесен и нормален живот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот