X
 12.04.2016 Технологија

Што вашата лажна интернет личност кажува за вас?

И покрај сите работи кои ни го одземаат вниманието, интернетот е број еден причина поради која ги одложуваме нашите обврски. Во секој момент нешто е поинтересно од нашите обврски. Дури и тогаш кога ќе седнеме да „изгугламе“ нешто што навистина ни е потребно, секогаш завршуваме гледајќи чудни видеа на YouTube или читајќи нешто сосема различно од она што првично сме требале да го истражуваме.

Токму поради тоа луѓето започнаа да инсталираат софтвери кои ќе ги држат офлајн или кои ќе им ги блокираат веб страните од социјалните медиуми. Секако, ништо од сето ова не функционира.

Со оглед на тоа што постојано сме онлајн, интернетот постепено учи кои сме ние: алгоритмите впиваат информации од нашите пораки и меилови како и нашите пребарувања. Со тоа, интернетот започнува да ви нуди работи кои сакате да ги прочитате, или сакате да ги купите.

Во овој морничав свет кадешто вашите дигитални стапалки се насекаде, понекогаш убаво е да се види како интернетот повремено го покажува неговото рудиментирано разбирање за човечката личност.

Неодамна направив еден од оние квизови кој нуди избор на повеќе одговори наречен: „Дали може интернетот да каже кои сте вие?“ Квизот тврдеше дека со само поставување на неколки прашања за вашите лични навики, може да открие многу работи за вас.

Моите резултати беа: „Моментално сте во средината на 50-тите, се`уште работите напорно и уживате во секоја минута. Вашата коса започнува да ви паѓа, но не се грижите толку колку што се грижевте кога бевте помлади“.

Такашто, не, и покрај сите напори, интернетот не може да каже кои сте, колку и да сака.

А што со вашиот профил? Како сакате луѓето да ве перцепираат? Бидејќи во животот важна е перцепцијата, не реалноста.

Заблуда


Овозможувајќи им на луѓето да го проектираат она што го чувствуваат е нивниот конечен аспект на социјалните медиуми, а тоа често открива колку луѓето се во заблуда во врска со својата личност и своите позитивни карактеристики. Се чини дека повеќето луѓе и покрај тоа што се позитивни и имаат позитивни карактеристики, на социјалните медиуми се презентираат себеси како доста здодевни и досадни.

Интернетот не може да знае кои сме, само затоа што верзијата на самите себеси одлучила да го насели онлајн светот. Не е ни чудно што е тешко да е каже какви се навистина луѓето кога се обидуваме да се прилагодиме на некои чудни верзии од самите себеси, земајќи една карактеристика и правејќи ја доминантна.

Гледате луѓе кои онлајн се однесуваат сосема спротивно на она што се во вистинскиот живот. Како може интернетот да каже кои сме кога ние постојано лажеме? Но, иако чувството е пријатно кога знаеме дека интернетот и не може да знае кои сме, штетата се прави тогаш кога се обидуваме да ја имитираме нашата „онлајн верзија“ во реалниот живот.

Производство на мислења


Можеби крајното нарушување онлајн е нарушувањето на сопствената личност. Од водењето на визуелна приказна за животот на Инстаграм, до производство на мислењата на Твитер, до документирање на нашата врска на Фејсбук, многу луѓе обезбедија нивните онлајн животи да имаат централно значење за нивната личност.

И во еден момент, голем дел од луѓето се збунети со личноста која ја проектираат и вистината за тоа кои се. Чудно е, не е во ред, но реалност е дека луѓето повеќе ја прифаќаат вашата онлајн верзија од личноста, отколку вистинската. Такашто интернетот не може да знае кои сте, но која приказна вие ја раскажувате за себеси?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија