X
 26.01.2018 Живот

Трамп ќе им додели државјанство на 1,8 милион мигранти

Американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да потпише план со кој ќе се отвори патот кон добивање државјанство за 1,8 милион млади мигранти што како деца нелегално пристигнале во САД.


Белата куќа го претставила планот како голем чекор, а неговата цел е привлекување доволно гласови од демократите. Планот вклучува и некои други елементи, како зајакнување на граничната безбедност и одбивање на новите мигранти, што, пак, оди во корист на републиканците.

Планот на Трамп, за кој Белата куќа се надева дека прво ќе биде изгласан во американскиот Сенат, има цел на почетокот на февруари да воспостави фонд од 25 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико и да финансира подобра заштита на границата со Канада.

Трамп, чии тврдења за миграцијата беа клучни во неговата кампања, најави дека ќе стави крај на програмата DACA, која ја воведе Обама, ако Конгресот не понуди нов предлог-закон. Заштита во рамките на програмата се однесува на околу 700.000 луѓе, но од Белата куќа проценуваат дека има барем уште толку илегални мигранти што се квалификувани за програмата, а не ја потпишале. Според нив, 1,8 милијарда луѓе ќе можат да побараат државјанство во следните 10 до 12 години, потврдувајќи дека имаат работа, а не направиле никакво казнено дело.

Спорот околу оваа програма е дел од остриот судир помеѓу републиканците и демократите во Сенатот.
Планот кој се најавува би требало да побара од Конгресот ограничување на семејната поддршка за мигрантите, односно нејзината намена за жени и малолетни деца, но негирање на истата за родителите, браќата и сестрите и другите членови на поширокото семејство. Се планира и укинување на доделувањето виза преку лотарија во некои земји.

Овие мерки би можеле да ја намалат миграцијата за 50 проценти.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот