X
 30.01.2018 Култура

Грчкиот остров што крие темна тајна

1
Фото: Getty Images

Лоциран во јужниот дел на Егејското Море, Санторини е мала кружна група од пет кикладски острови, составена од главниот остров Тера, Терасиа и Аспрониси на периферијата и два лава острови. Сите пет опкружуваат колосална калдера, кратер во форма на сад што се формира кога колабира устата на вулканот. Но за време на бронзената ера, пред околу 5.000 години, Санторини бил единствената вулканска копнена земја наречена Стронгхил. Таа играла клучна улога во обликувањето на историјата.

Во тоа време цивилизацијата почнала да се развива на блискиот остров Крит. Жители биле Минојците, именувани по митскиот крал Минос, енигматичен и образован народ, кои биле воини, но и трговци, уметници и морнари. Потеклото на Минојците е предмет на жесток спор; некои веруваат дека биле бегалци од египетската делница на Нил, додека други велат дека потекнувале од античка Палестина, Сирија или Северна Месопотамија. Најновите истражувања велат дека минојската цивилизација имала локален развој и потекнувала од фармерите кои живееле во Грција и во југозападна Андолија.

1
Фото: Getty Images

Низ вековите, Минојската Империја започнала да се протега до островот Родос (309 километри источно од Стронгхил), како и во делови од турското крајбрежје, а можеби дури и до Египет и Сирија. Стронгхил (сега Санторини) била особено значајна населба за Минојците поради нејзината привилегирана позиција на трговската рута меѓу Кипар и минојски Крит.

„При ископувања во Акотири (село во југозападниот дел на Санторини) пронашле трикатни куќи, огромни палати, првите европски патишта, вода и спектакуларен канализациски систем“, вели Параскеви Номикоу, доцент по геолошка океанографија и природна географија на Универзитетот во Атина.

Најзачудувачките од сите, првите европски системи за пишување, биле пронајдени во зградите во Акротири и на оградите од карпите од бронзената доба во критските палати на Кносос и Малија; овде Минојците ги оставиле првите нивни пишани зборови, првично во форма на критски хиероглифи, а подоцна и во Линеар А.

2
Фото: Getty Images

Критските хиероглифи се древна скрипта од околу 137 слики што изгледаат како растенија, животни, делови од телото, оружје, бродови и други предмети и се верува дека биле во употреба до 1700 година. Постепено Минојците ги преработиле критските хиероглифи до многу постилизирана Линеарна А.

Со право креаторите на најстарото пишано писмо во Европа биле првата писмена и напредна цивилизација на континентот. Нивните интелектуални достигнувања биле надминати со нивниот непобедлив начин на живот, славејќи ја радоста на животот дури и за време на погреби, играјќи со бикови наместо да ги убиваат и живеејќи во блажена хармонија со природата.

Но природата била таа што одлучила да ги убие.

Помеѓу 1627 и 1600 година пр.н.е. бронзената ерупција, можеби најголемата ерупција во 10.000 години, се случила токму во Стронгхил.

3
Фото: Getty Images

„Пред ерупцијата не постоела модерната калдера. Наместо тоа, постоела помала калдера, од многу постара ерупција. За време на ерупцијата, титанските текови на лизгање од 60 метри со вулкански материјал паднале во морето, предизвикувајќи бранови од цунами со дебелина од 9 метри, кои го погодиле брегот на Крит“.

Брановите можеби стигнале до западна Турција, па дури и до Израел.

Кога завршила катаклизмата, почнала да се формира современата калдера. За Минојците, ова бил почеток на крајот. „Вулканските уништувања ги уништиле нивните комерцијални чамци, а огромната количина на јаглероден диоксид, што била ослободена во атмосферата, го нарушила климатскиот баланс, уништувајќи го земјоделството на овие луѓе. Сето ова постепено им овозможило на Микенците (цивилизација од бронзеното време што живеела во континентална Грција помеѓу 1600 и 1100 година пр.н.е) да ги искористи своите шанси и да стават крај на независноста на Минојците.

Она што го зачуди Номикоу е дека, за разлика од античкиот римски град Помпеја, кој бил закопан во повеќе од 6-метарска вулканска пепел кога се пробудил вулканот Везув во 79 година, не било пронајдено ниту едно тело на Санторини.

4
Фото: Getty Images

„Се чини дека луѓето од Санторини биле предупредени и избегале“, вели таа. До ден-денес никој не знае каде отишле тие.

Но ако Санторини ја уништило првата голема цивилизација во Европа, не го уништило јазикот. Откако Микенците почнале да владеат со претходната Минојска Империја, тие ја замениле Линеарна А со сопствена еволуирана верзија, Линеарна Б, првиот атестиран систем на пишување на Грците, што на крајот довело до тоа античкиот грчки јазик да шири демократија, научно размислување, театар и филозофија низ светот.

Како што вели уметничкиот колекционер Белониас, Санторини не е за луѓе со слабо срце. И веројатно е во право со оглед на тоа што ја уништило првата европска цивилизација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура