Реката Шамала во Карнатака, Индија како резултат на прекумерно користење на водата од неа и период на суша,
открила тајни што ги шокирале археолозите. Пресушената река до сега криела илјадници симболи на богот Шива што биле направени во далечното минато во коритото на реката.
Местото наречено Сахасралинга (што на санскрит значи ‘илјада симболи на Шива’) постанало важно место за аџилак. Илјадници луѓе почнале да доаѓаат и да ги упатуваат своите молитви до Шива.
Shiva Lingas, како што се нарекуваат пронајдоците, е всушност претстава на хиндуистичкото божество Шива. Сашасралинга е едно од најубавите места во целата земја, и претставува божествена моќ и позитивна енергија.
Бројните пронајдоци откриени поради сушата се доказ дека посојат места на планетата што чуваат тајни за нашите претци и кои полека, но сигурно ќе излезат на виделина за да се зачува и почитува нивната историска вредност и традиција.