Погледнете ја листата со најдобрите телефони што ќе направат вистински бум во светот на технологијата во првата половина на 2018 година.
1. „Samsung Galaxy S9“
фотоизвор: Weibo
На светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона, на 25 февруари, „Самсунг“ планира да го претстави новото издание од серијата „галакси“. Во моментов не се знае доволно за уредот, но сигурно е дека ќе изгледа слично на „галакси С8“. Се очекува голема промена на камерата.
2. „LG G7а“
фотоизвор: LG
Презентацијата на уредот ќе биде во март или април. Се очекува претставување на многу моќен хардвер. Наводно ова ќе биде првиот телефон што ќе го користи најмоќниот и досега необјавен „Snapdragon 845“.
3. „Moto G6“
фотоизвор: Motorola/Lenovo
Задача на овој телефон е да се задоволат барањата на потрошувачите од среден ранг, а притоа уредот да изгледа совршено. Се очекува да биде презентиран наскоро.
4. „Nokia 9“
фотоизвор: tportal.hr
Се очекува да го претстават својот најмоќен телефон досега. Некои веќе го нарекуваат супертелефон, а се шпекулира дека ќе има моќен состав на камерата со два објектива.
5. „OnePlus 6“
фотоизвор: OnePlus
Телефонот ќе биде презентиран во вториот квартал од годината, а во моментов се знае многу малку – познато е само дека овие уреди користат речиси чиста верзија на Андроид, а хардверот го нудат за многу поволна цена.
6. „RED Hydrogen“
фотоизвор: RED
Првите примероци од овој футуристички уред би требало да стигнат до потрошувачите ова лето. Произведувачите велат дека се работи за вистинско „мало чудо“. Има модуларна камера која корисникот ја менува според потребите, како и прв холограмски екран.