X
 01.02.2018 Технологија

Искористиле нуклеарен отпад за да направат безбедна криптовалута

Рајан Пирс и Ендру Милер искористиле радиоактивен графит, земен од местото на кое во 1986 година се случила голема нуклеарна катастрофа, за да произведат гама- и бета-зрачење со низок интензитет.


Тоа зрачење им послужило за генерирање случајни броеви кои ќе бидат користени за креирање шифрирани параметри за криптовалутата зкеш.

Целата „акција“ ја спровеле во текот на летото во мал приватен авион, со кој, поради безбедносни причини, летале на висина од околу 1.000 метри над американските држави Илиноис и Висконсин.

Летале за да бидат сосема сигурни дека кодот што се користи за креирање на криптовалутата нема на кој било начин на биде декодиран. Целата постапка е завршена за околу 30 минути, со што, барем во теорија, успешно е креиран безбеден код.

Зкеш во моментов се наоѓа на 26. место меѓу светските криптовалути според вредноста.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија