X
 05.02.2018 Живот

Промоција на новите дипломци на Факултетот за безбедност

Факултетот за безбедност-Скопје денеска свечено ќе ги промовира дипломираните студенти од прв и втор циклус на студии.



Чест ми е што сум присутен на овој свечен чин и имам можност директно да се обратам до новите дипломци, односно новиот и остручен кадар кој што во иднина ќе треба да се фати во костец со реалните предизвици во општеството, рече министерот Спасовски во денешното обраќање на промоцијата на новите дипломци од првиот и втор циклус студии на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

-Институциите и општеството се должни да ги отворат сите перспективи за што поквалитетна професионална реализација на младите луѓе. Сакам да нагласам дека МВР има примарна цел што повеќе да се отвори за целосна и континуирана соработка со младите образувани кадри од областа на безбедноста. Особено што ние сме свесни дека ниту едно општество не може да се надева на успешност без следење и практично имплементирање на новите, современи, стручни сознанија, без континуирана образовна наградба на луѓето кои ја сочинуваат институцијата и без реална кооперативност меѓу теоријата и практиката. Сакам да потенцирам дека сум уверен оти многумина од вас ќе го најдат своето место во општеството, вклучително и како дел од институцијата со која што раководам- рече министерот Спасовски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот