X
 24.10.2019 Образование

Кенијци им ги пишуваат академските трудови на мрзливите студенти од Западот

Студентите од Европа и од САД им плаќаат на Кенијци да им ја завршат академската работа. Се проценува дека глобалниот пазар за академско пишување има годишна вредност од една милијарда долари.

За некои, пишувањето есеи за студенти што немаат време или желба да си ги напишат може да биде профитабилно, особено во земји со висока невработеност меѓу младите дипломци.

Многумина велат дека овој процес е мамење, но во Кенија, каде што се наоѓаат многу од овие пишувачи, тоа не е противзаконско, иако имало повици да се криминализира.

Би-би-си пренесува приказна за оваа практика и наведува дека околу еден од седум дипломци му платиле на друг човек за да им ја заврши работата. Во видеото може да се види и приказната за Џон, кој е инженер, но не можел да си најде соодветна работа, па се посветил на пишувањето трудови за мрзливи студенти.

 - Има луѓе кои всушност градат куќи преку академско пишување - вели тој.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование