X
 02.01.2024 Образование

Дипломците и магистрите во Португалија ќе добиваат бонуси од државата

Отсега жителите на Португалија и странците што живеат таму ќе добиваат бонус за подобрување на квалификациите по завршувањето на додипломските и магистерските студии.

Бонусот ќе се доделува онолку долго колку што траеле студиите. Бонусот може да го добијат и оние што ги завршиле студиите пред 2023, а дипломирале во последните неколку години.

Иницијативата е за сите жители на Португалија што имаат најмногу 35 години, а добиле диплома од високообразовна институција во земјата или во странство (но е признаена во Португалија).

Годишниот бонус изнесува 697 евра за оние со завршени додипломски студии, а 1.500 евра за оние со магистерски дипломи.

Според официјалните податоци, бројот на студенти во Португалија минатата академска година достигна 446.028, зголемување од 3 отсто во споредба со претходната академска година.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование